Европските индекси денеска се во пораст откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека за нов министер за финансии на САД ќе го назначи основачот на инвестицискиот фонд „Ки Сквер Капитал Менаџмент“ Скот Бесант. Според очекувањата, Бесант ќе донесе поголема стабилност на американската економија и финансиските пазари, пренесува Bloomberg.
Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:30 часот порасна на 19.417,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.290,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.310,33 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.564,48 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones скокна на 44.296,51 поени, S&P 500 на 5.969,30 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 19.003,65 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 70.587 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 74.516 долари. На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 47.050 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2669,80 долари за унца, а на пченицата на 5,3985 долари за бушел (бушел е 27,216 кг), пренесува Танјуг.
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,04505, што е за приближно 0,32 отсто повисока отколку на почетокот на трговската сесија.