Ворен Бафет го промени тестаментот: Еве кој ќе управува со неговото богатство

42

Мултимилијардерот Ворен Бафет во понеделникот донираше повеќе од милијарда долари, а во исто време ги промени плановите за распределба на своето богатство по неговата смрт.

За сè ги известил акционерите на неговата компанија Беркшир Хатавеј преку лично писмо, пренесува Форбс.

Бафет донираше акции во вредност од 1,15 милијарди долари на добротворните фондации на неговото семејство, вклучувајќи ги и оние што ги водат неговите деца Хауард, Питер и Сузи Бафет.

Тој уште еднаш потврди дека сака неговите деца постепено да ги „распределуваат“ сите негови акции во Беркшир, кои сочинуваат 99,5 отсто од неговото богатство. Тој објасни дека „никогаш не сакал да создаде династија, ниту бил воден од какви било планови што се протегаат надвор од неговите деца“.

Од 2006 година, Бафет донирал 56,6 отсто од акциите на Беркшир. Потоа вети дека поголемиот дел од своето богатство ќе го донира во добротворни цели.

Тој, исто така, сподели ревидиран план за тоа кога „времето ќе го достигне“. Тој нагласува дека за секое од неговите три деца назначил „тројца управители на наследството“, доколку нешто им се случи. Триото кое ќе управува со богатството по неговата смрт ќе треба едногласно да одлучи за распределбата на средствата.

„Одлуките за иднината веројатно ќе ги носат попаметни три живи и здрави мозоци отколку една мртва рака“, ја објасни својата одлука Бафет.

Најголемиот филантроп во историјата
Ворен Бафет е веројатно најголемиот филантроп во историјата, оценува Форбс. За време на неговиот живот, тој донирал повеќе од 60 милијарди долари во добротворни цели. Најголем дел од таа сума се 43 милијарди долари донирани од фондацијата Гејтс, со која претседава ко-основачот на Мајкрософт (и уште еден мултимилијардер) Бил Гејтс.

Последните пресметки на Форбс покажуваат дека богатството на Бафет е 150 милијарди долари, што го прави „пророкот од Омаха“ шести најбогат човек на светот. Бафет е двојно побогат од пред десет години. Сепак, неговото богатство не е ни половина од богатството на најбогатиот човек на светот Илон Маск (330 милијарди долари).

„Нема шанси јас или некој друг да сонуваме за богатството што стана возможно во Америка во последните неколку децении“, напиша Бафет во писмото објавено во понеделникот. „Тоа е неверојатно – ниту Форд, Карнеги, Морган, дури ни Рокфелер не можеа да го замислат тоа. Милијарди станаа новите милиони“.

Во писмото, Бафет сподели и важни совети за планирање на наследување кои не се валидни само за поединци со огромно богатство. „Кога вашите деца ќе станат доволно возрасни, нека го прочитаат вашиот тестамент пред да го потпишете“, советува Бафет во писмото.

„Не сакате вашите деца да ги доведуваат во прашање вашите одлуки во време кога повеќе не можете да одговорите на нивните прашања.