Откриено најголемо наоѓалиште на ураниум во Кина

62

На северот на Кина е откриено досега најголемото наоѓалиште на ураниум во земјата, соопшти кинеското министерство за природни ресурси.

Според податоците на министерството, наоѓалиштето е лоцирано во автономната област Внатрешна Монголија.

Во соопштението се наведува дека неговото откритие има огромно значење за зголемување на кинеските залихи на ураниум и обезбедување на извори за развој на нуклеарната енергетика.

Заедно со наоѓалиштето на ураниум, најдени се и големи залихи на јаглен кои се проценуваат на 51 милијарди тони.