Речиси 100 компании побарале од Владата странскa експертска помош

177

vlada-na-rm-zajdisonceВкупно деведесет и осум компании од различни сектори, се пријавиле за вклучување во владиниот проект за обезбедување странска експертска помош.

Според денешната изјава на портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, одзивот од компаниите е голем и резултатите се над очекувања, што покажува дека проектот е добро осмислен.

Проектот сега влегува во втора фаза, што значи дека ќе се посетуваат компаниите за да се утврди каков профил на стручњаци им се потребни. Се очекува експертите да бидат ангажирани во компаниите на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Од пријавените компании, најмногу се од преработувачката индустрија, ИКТ, услужните дејности, трговијата и земјоделството, а ги има од секаква големина, од пет па до над 700 вработени од сите делови на земјава.