Индексите на европските берзи главно се во пад, златото и пченицата поскапеа

Европските берзански индекси денеска бележат претежно пад, златото и пченицата поскапеа, а пазарите во исто време бележат пад на цената на нафтата.

Американската централна банка ФЕД во средата објави дека следната година ќе ги намали каматните стапки со побавно темпо од претходно очекуваното, што го влоши расположението на берзите и дополнително влијае на трговијата, пренесува Ројтерс.

Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:30 часот падна на 19.777,84 поени, британскиот FTSE 100 на 8.075,73 поени, францускиот CAC 40 на 7.227,73 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.432,11 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.978 долари, а на нафтата „брент“ на 72.423 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 43,715 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2607,02 долари за унца, а на пченицата на 5,3642 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,03925, што е за 0,3 отсто повисока од четвртокот.