Според листата на 100 најдобри компании за работа во Европа на магазинот Fortune за 2024 година, ова се првите 10. Зошто вработените ги оценуваат овие компании толку високо?
Кога станува збор за професионалната работа, Европа е препознаена како едно од најповолните места во светот.Европските земји постојано се на врвот на листата за рамнотежа помеѓу работата и животот, беа првите кои ја тестираа четиридневната работна недела и понудија некои од највисоките просечни плати во светот, заедно со дополнителни бенефиции за вработените.
Но, кои компании на континентот се најдобри за работа?
„Fortune“ и „Great Place To Work“ ја објавија листата „Fortune 100 најдобри компании за работа за Европа“, која беше составена со анализа на повеќе од 1,3 милиони одговори на анкети од повеќе од два милиони вработени ширум Европа.
Компаниите кои се најдоа на врвот на листата имале вработени кои биле помотивирани за работа и позадоволни од начинот на работа во компанијата, пренесува Euronews.
Топ 10 најдобри компании за работа во Европа во 2024 година:
DHL Express Europe
AbbVie
Hilti
Hilton
Cisco
Stryker
Allianz
Specsavers
Agilent Technologies
Chiesi Europe