
Лондонскиот аеродром Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, минатата година опслужил рекордни 83,9 милиони патници, што е за 4,7 милиони повеќе од претходната година и три милиони или четири отсто повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година.
Оваа година аеродромските оператори очекуваат дополнителен раст до 84,2 милиони патници.
Повеќе од милијарда фунти или нешто помалку од 1,2 милијарди евра ќе бидат наменети за инвестиции оваа година, објави Аеродром Холдингс Хитроу, чии најголеми индивидуални сопственици се шпанскиот „Феровиал“ и Катарскиот суверен инвестициски фонд. Ова, додаваат, ќе ги подготви за иднината.
Извршниот директор на аеродромскиот оператор Томас Волдбај ја опиша 2024 година како возбудлива година. Тој изјави дека ќе продолжат да инвестираат во можностите што патниците и авиокомпаниите ги очекуваат од нив.
„Сакаме да обезбедиме уште поголема иновација за да обезбедиме добри резултати за цела Велика Британија“, рече Волдби, а пренесува германската новинска агенција dpa.











