Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Поголемиот дел од економистите анкетирани од Светскиот економски форум, поточно 56 отсто, очекуваат слабеење на глобалниот економски раст во 2025 година, а прогнозата за Европа останува мрачна, бидејќи 74 отсто од испитаниците веруваат дека Стариот континент ќе забележи слаб или многу слаб раст оваа година, се вели во извештајот објавен денеска.

Очекувањата за глобален раст се намалени во целина, но значително се разликуваат во различни региони. Се предвидува дека американската економија ќе доживее силен раст оваа година, како и јужноазиските земји, особено Индија.

Спротивно на тоа, изгледите за Кина остануваат послаби, при што се предвидува дека економскиот раст на азиската земја постепено ќе забави во наредните години.