Цените на нафтата на американскиот пазар забележаа благ пад во саботата наутро, при што нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 77,88 долари, а нафтата Брент на 80,79 долари за барел, објави Oil Price.
Во петокот цената на нафтата беше близу 81 долар на меѓународните пазари, додека трговците шпекулираа пред инаугурацијата за можните реакции на новиот претседател Доналд Трамп на новите американски санкции за рускиот енергетски сектор.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 33 центи отколку на затворањето на тргувањето во четвртокот, на 80,96 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 22 центи пониска цена, по 78,46 долари, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.
Трговците оваа недела беа преокупирани со новите американски санкции за рускиот нафтен сектор.
Минатата недела Вашингтон воведе санкции за Гаспром Нефт и Сургутнефтегаз, а наведе и 183 танкери, осигурителни компании, транспортери и продавачи на руска нафта. Санкциите ги зголемија трошоците за транспорт на нафта со супертанкери, а цените на дизелот исто така пораснаа.