Наскоро и официјално повторно прва дама на САД, Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
Соопштението дојде еден ден откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Trump. И двете валути бележат раст, но и драстични подеми и падови.
„Сега можете да купите $MELANIA“, објави Меланија вчера на „Х“.
The Official Melania Meme is live!
You can buy $MELANIA now. https://t.co/8FXvlMBhVf
FUAfBo2jgks6gB4Z4LfZkqSZgzNucisEHqnNebaRxM1P pic.twitter.com/t2vYiahRn6
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 19, 2025
Веб-страницата Official Melania Meme наведува дека $Melania може да се следи на блокчејнот Solana. Исто така се наведува дека $Trump и $Melania не се наменети како можност за инвестирање и не се сметаат за хартии од вредност. Според податоците од веб-страницата CoinMarketCap, $Trump моментално има вкупна пазарна вредност од околу 8,7 милијарди долари, додека $Melania вреди околу 1,3 милијарди долари.
Трамп претходно криптовалутите ги нарече измама
Трамп претходно ги нарече криптовалутите измама, но за време на изборната кампања во 2024 година, тој стана првиот претседателски кандидат кој прифати дигитални средства како донации. За време на кампањата, Трамп, исто така, објави дека планира да создаде стратешка резерва за биткоин и да назначи финансиски регулатори со попозитивен став кон дигиталните средства. Очекувањата дека Трамп ќе ја намали регулацијата на крипто индустријата го поттикнаа ентузијазмот на инвеститорите.
Фото: facebook