Kомпанијата за увоз на спортска опрема Arthur’s отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор.
Љубителите на урбаниот стил и спортувањето добија уште едно место за купување на спортска облека и на омилените старки и Dr. Martens. На отворањето присуствуваа голем број на посетители и јавни личности, меѓу кои Влатко Стефановски и Бени, кои се потпишаа на гитарите во продавницата.
“Со Arthur’s пораснаа многу генерации, а цел на компанијата е таа приказна и понатаму да се развива. Поради тоа денеска ја отвoраме петтата продавница во Скопје. Посебно сме горди на тоа што Arthur’s прерасна во препознатлив бренд, а нашите легендарни старки и Dr. Martens, како и останатите брендови, од отворањето на првата продавница ги освоија симпатиите на потрошувачите“, изјавија во петокот од менаџментот нa Arthur’s.
Освен оваа, Arthur’s има уште четири продавници во Скопје и тоа во ГТЦ и во трговските центри Беверли Хилс, Мавровка и Skopje City Mall.