Во Хрватска повторно е објавен повик за бојкот поради високите цени, а социјалните мрежи како WhatsApp, Facebook и Reddit се преплавени со пораки во кои се повикуваат граѓаните да не купуваат ништо на 24 јануари. Овој повик е насочен против поскапувањето, особено на храната, што предизвика негодување кај потрошувачите.
Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на трговските синџири в петок, 24 јануари.
Пораките за бојкот се поради високите цени на производите. „На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден.
Осигурете се за тој ден како да е недела.
Според иницијаторите, ако десет отсто од луѓето во Хрватска се приклучат во акцијата – ќе има голем загуба за малопродажните синџири.
„Ако на тоа гледате како на политички избори, ништо нема да постигнете.
Десет проценти од луѓето што го прават тоа е огромна загуба за малопродажните синџири, а вие нема да изгубите апсолутно ништо тој ден, но тие ќе загубат“, се наведува во пораката испратена на WhatsApp, Reddit и Facebook.
Според хрватски медиуми, таа иницијатива има голем одзив засега и во дел од коментарите се вели:„На никој нема да му падне влакно од глава ако не отиде во продавница тие 24 или 48 часа. . .
Ако нешто во оваа држава предизвикува реакција, тоа е кога ќе те удрат по џеб, и во овој случај би ги удриле арогантните трговци по џеб“.