Лоши вести за планинарите! Поскапува највисокиот врв на светот

Непал одлучи да ги зголеми таксите за дозволи за искачување на Монт Еверест за повеќе од 35 отсто, со што највисокиот врв на светот поскапe за алпинистите за прв пат по речиси една деценија, соопштија денеска официјални лица.

Дозволата за искачување на Еверест, кој е на 8.849 метри, сега ќе чини 15.000 долари, што е за 36 отсто зголемување од претходната цена од 11.000 долари, која важеше речиси една деценија, објави Ројтерс.

– Таксата за дозвола одамна не е ревидирана. Сега го ажуриравме – изјави генералниот директор на Одделот за туризам Нарајан Прасад Регми.

Новата цена ќе стапи на сила во септември и ќе важи за сезоната април и мај, како и за стандардната рута долж југоисточната страна на планината, на која за прв пат се искачија Едмунд Хилари и Тензинг Норгај во 1953 година за време на првoтo успешнo искачување на Еверест.

Надоместокот за помалку популарните сезони – од септември до ноември – сега ќе биде 7.500 долари, а за искачувањето во ретко посетената сезона, од декември до февруари, планинарите во иднина ќе треба да издвојат 3.750 долари.