Јавниот долг на еврозоната стабилен на 88,2 отсто од БДП

Јавниот долг на еврозоната на крајот на третиот квартал од 2024 година изнесува 88,2 отсто од нејзиниот бруто домашен производ, исто како и во вториот квартал.

Како што се наведува, јавниот долг на Европската унија за третиот квартал од минатата година претставувал 81,6 отсто од нејзиниот бруто домашен производ, а овој сооднос исто така не се променил во однос на вториот квартал.

Јавниот долг на еврозоната благо се намали во однос на третиот квартал од 2023 година, кога изнесуваше 88,4 отсто од БДП. Спротивно на тоа, јавниот долг на Европската унија благо се зголеми на годишно ниво, достигнувајќи 81,5 отсто од БДП на крајот на третиот квартал од 2023 година.

Најзадолжени земји во Европската унија во третиот квартал од 2024 година биле Грција со долг од 158,2 отсто од БДП, Италија 136,3 отсто, Франција 113,8 отсто, Белгија 105,6 отсто, Шпанија 104,3 отсто, објави Еуростат. Најмалку задолжени земји се Естонија, чиј национален долг изнесува 24 отсто од БДП, Бугарија 24,6 отсто и Луксембург 26,6 отсто.

16 земји од Европската унија забележаа годишен пораст на државниот долг во однос на третиот квартал од 2023 година, додека 11 земји-членки забележаа намалување, објави веб-страницата на Евростат.

Најголем годишен раст на јавниот долг во однос на БДП е забележан во Финска, од 6,7 отсто, во Естонија за 5,3 отсто и во Полска од 4,9 отсто, додека најголем пад е забележан во Грција за 10 отсто, Португалија за 8,8 отсто и проценти и Кипар за 5,4 проценти.