
Секоја трговска војна би имала катастрофални последици за глобалниот економски раст, предупреди генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала во дебатата на 55. Светски економски форум во Давос.
Ако земјите погодени од царините возвратат со свои мерки, без разлика дали станува збор за царини од 25 или 60 проценти, ќе бидеме таму каде што бевме во 1930-тите и ќе видиме двоцифрени загуби во глобалниот БДП, рече таа.
„Тоа би било катастрофално. Секој ќе плати“, додаде Оконџо-Ивеала, според Ројтерс.











