Почнуваат подготовките за изградба на еден од најголемите туристички проекти во Хрватска, Хрватски сон, кој ќе се гради во заливот Три сестри во Дубровник. Планирано е да се градат седум хотели, преку 200 вили, 500 апартмани, пристаниште со место за 400 сидришта, голф терен. Веќе се склучени три договори со инвеститори, а проектот вреди 920 милиони евра, јавува Дневник.хр.
Ова е најскапиот проект во поновата историја на Хрватска. Почетокот на изградбата на туристичкиот комплекс е најавен за следната година, но веќе се започнати првите подготовки на терен, односно започнато е со пробивање на пат и подготовка на теренот за потребната инфраструктура. Првите гости се најавени за летото 2016 година.