
Тргувањето на европските берзи е претпазливо, а индексите забележаа благ раст. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,4 отсто, достигнувајќи ново рекордно ниво.
Лондонски FTSE индекс порасна за 0,02 отсто, на 8.535 поени, а франкфуртски DAX за 0,36 отсто, на 21.505 поени. Парискиот CAC падна за 0,39 отсто на 7.865 поени.
Денеска, како и претходните денови, фокусот ќе биде ставен на деловните резултати на компаниите. Дополнително, по денешната седница ќе се следат и пораките на челниците на американската централна банка. Не се очекуваат дополнителни намалувања на каматните стапки, но инвеститорите внимателно ќе ја анализираат изјавата на ФЕД.