Цените на нафтата растат

Цените на нафтата пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за Канада, Мексико и Кина, зголемувајќи ги стравувањата од нарушување на снабдувањето со сурова нафта од двата најголеми добавувачи во САД, но предвидувањата за пониска побарувачка на гориво ги ограничи добивките.

Фјучерсите на американската „West Texas Intermediate“ беа на 73,89 долари за барел, што е раст од 1,36 долари или 1,88 отсто, откако претходно го достигна највисокото ниво од 24 јануари на 75,18 долари за барел. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ поскапеа за 73 центи, или 0,96 отсто, на 76,40 долари за барел, откако го достигнаа највисокото ниво од 77,34 долари за време на тргувањето.