Туркиш ерлајнс ја најави линијата од Истанбул до Охрид од 27 март

Туркиш ерлајнс на својата мапа на дестинации веќе го постави Охрид како атрактивна дестинација за патување и започна со продажбата на билети. Согласно летниот ред на летање, авиокомпанијата оваа линија започнува да ја оперира од 27 март, со што официјално започнува и воспоставувувањето на директниот лет Истанбул -Охрид.

Охрид и охридското крајбрежје станува нова дестинција за турските туристи и сите останите кои сакаат да ги истражат и да уживаат во убавините на Охрид, токму преку директниот лет Истанбул – Охрид, кој за прв пат се воведува со летниот ред на летање.

Ќе се лета во понеделник, четврток, петок и недела со летала од типот Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.

Во описот за градов стои дека е популарна туристичка дестинација на Балканот, македонски бисер и дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

– Познат по Охридското Езеро, Охрид поседува и историска текстура која го спојува неговото античко културно наследство со современи елементи, пишува на веб страната на Turkish Airlines.

Гостите од Турција се најбројни меѓу странските туристи во нашата држава.