
Европските и американските берзански индекси денеска растат, како и цените на нафтата и гасот, додека пазарите ја чекаат одлуката на Банката на Англија за каматните стапки, која ќе биде објавена во 13:00 часот.
Инвеститорите во Европа, исто така, ќе се фокусираат на серија извештаи за заработка од големи компании, вклучувајќи ги AstraZeneca, Carlsberg, L’Oreal, Maersk и ING.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.708,60 поени, британскиот FTSE 100 на 8.691,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.918,24 поени, а московскиот MOEX на 2.968,97 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.873,28 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.061,48 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 19.692,33 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 71.585 долари, а на нафтата од типот брент на 74.860 долари.
Европските фјучерси на гас за март на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 53.750 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.854,17 долари за унца, а на пченицата на 5.7004 долари за бушел (бушел е 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03932, што е приближно исто како и во средата.











