
Руската економија, според прелиминарната проценка на заводот за статистика на земјата, минатата година пораснала за 4,1 отсто, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин на средбата со претседателот Владимир Путин.
„Росстат ја претстави својата прва проценка, според која бруто домашниот производ на Русија порасна за 4,1 отсто, или 0,2 процентни поени повеќе отколку во официјалната прогноза. Ова е повеќе од очекуваното. Згора на тоа, во декември сега достигнавме показатели за раст од 4,5 отсто“, рече Мишустин.
Според него, номиналниот обем на рускиот БДП до крајот на 2024 година достигна историски максимум и изнесуваше 200 трилиони рубљи.











