Oд 29 ноември до 15 декември, Веро-центарот ќе биде ексклузивно место каде потрошувачите ќе можат да уживаат во врвните вкусови на едни од најпрефинетите сирења и кашкавали од целиот свет.
За сите обожаватели на сирења, кашкавали и останати млечни производи од таа палета, Веро-центарот организира Земја на сирењето (Cheese land), каде потрошувачите ќе може да купуваат, да дегустираат, да тестираат и да го оценуваат она што ќе го пробаат, како на своите омилени производители би им ги посочиле своите забелешки, вкусови, потреби и барања. Веро-центарот ќе им понуди подароци и изненадувања на потрошувачите, како и богата програма на активности што ќе им се допадне и на возрасните, но и на најмалите.
На Cheese land во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во сирењата на Бимилк, Идеал шипка, Здравје Радово, Јого меркур, Хемипром, Рудине, Екошар, Mонтенегро, како и во вината на Стоби и на Тиквеш, но и во домашниот ајвар на Хина, вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.
„Среќни сме што можеме да им обезбедиме на нашите потрошувачи ваков раскошен фестивал на сирењето, креирајќи атмосфера за промоција и подигнување на свеста за уметноста на правење на сирење. Оваа година ќе имаме околу 11 излагачи, производители и дистрибутери на сирење. Потрошувачите ќе можат да вкусат некои од најдобрите светски сирења, да пазаруваат и да уживаат во храната и пијалакот што дополнително ќе го обезбедиме, со многу забава и во живописен амбиент. Очекуваме многу посетители заедно со нас да го прослават прекрасниот свет на сирење. Се надевам дека сите ќе уживаме“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.
Денес постојат многу видови на сирење, околу 500 различни сорти признати од страна на Меѓународната Млечна Федерација. Сортите се групираат или класифицираат во типови според критериуми како што се должината на стареење, текстура, методи за правење, содржината на масти или на влага, животински млеко, земја или регион од каде што потекнува итн.