
Швајцарската фармацевтска компанија Новартис се согласи да ја купи Anthos Therapeutics, биотехнолошка компанија во мнозинска сопственост на гранката за развој на лекови на инвестициската компанија Blackstone, за до 3,1 милијарди долари.
Anthos е основана во 2019 година од Blackstone Life Sciences, подружница на приватниот инвестициски фонд Blackstone, со цел развој, производство и комерцијализација на абелацимаб, лек за спречување на мозочни удари и повторување на згрутчување на крвта.
Трансакцијата, која се очекува да биде завршена во првата половина од оваа година, ќе го чини Novartis однапред 925 милиони долари, со потенцијални дополнителни плаќања до 2,15 милијарди долари, соопшти компанијата.
„Со оглед на неговото длабоко вкоренето искуство во областа на кардиоваскуларните болести, Novartis е особено добро позициониран за понатамошно развивање на клиничките испитувања на абелацимаб и доставување на овој иновативен производ до здравствените работници и пациентите“, рече Бил Меури, извршен директор на Anthos.
Портпаролот на Blackstone рече дека договорот е најголемата продажба на компанија во мнозинска сопственост на Blackstone Life Sciences досега.
Антос спроведува неколку клинички испитувања од третата фаза, а податоците од овие студии се очекуваат во втората половина на 2026 година.
Ројтерс уште во декември 2023 година објави дека Блекстоун размислува да го продаде Антос.











