
Бруто домашниот производ (БДП) на Норвешка, исто така, се намали во четвртиот квартал од минатата година, покажаа податоците од одделот за статистика на Норвешка, што укажува на тоа дека економијата на земјата влезе во рецесија, со континуиран пад на активноста во секторот за нафта и гас.
БДП од октомври до декември е намален за 0,6 отсто во однос на претходните три месеци кога според ревидираните податоци падна за 1,6 отсто, пренесува Мина.
Норвешка на тој начин влезе во рецесија на крајот на годината бидејќи активноста се намалуваше два квартали по ред.
Активноста во секторот вадење нафта и гас и транспорт е намалена за еден процент во однос на летниот квартал кога потона за 5,1 отсто. Без секторот за нафта и гас, БДП падна за 0,4 отсто во четвртиот квартал, по речиси истиот процентуален раст во претходните три месеци.
Извозот на нафта и гас е намален за еден процент, по падот од шест проценти во летните месеци. Трошоците на домаќинствата и на претпријатијата се задржаа на нивото од претходните три месеци. Во цела минатата година БДП порасна за 2,1 отсто, по стагнацијата во 2023 година.











