Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во скопскиот регион најмногу дозволи за градба се издадени во општина Центар, вкупно 24. Следуваат Аеродром со осум, Чучер Сандево со седум, Илинден шест. По четири дозволи за градба имаат издадено Гази Баба, Карпош, Сопиште.
Бутел, Петровец и Чаир имаат издадено по 3 дозволи за градба. Арачиново и Студеничани по една дозвола за градење. Општини кои немаат издадено ниту една дозвола за градење се : Ѓорче Петров, Зелениково, Кисела Вода, Сарај и Шуто Оризари.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари,
што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175 (61.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (16.7 %) за објекти од нискоградба и 64 (22.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 287 објекти, на 157 (54.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (45.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.