![pipe-system-7768312_640](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/pipe-system-7768312_640.jpg)
Сезонски прилагоденото индустриско производство во еврозоната, според првата прелиминарна проценка, во декември е намалено за два отсто на годишно ниво, а за 1,1 отсто на месечно ниво, објави денеска Евростат.
Во Европската унија, индустриското производство во декември падна за 1,7 отсто на годишно ниво, а за 0,8 отсто на месечно ниво, пренесува Танјуг.
На годишна основа, производството на интермедијарни производи во Европската унија во декември е намалено за 2,3 отсто на годишно ниво, исто како и производството на капитални производи за 7,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, додека производството на енергија е зголемено за 0,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.
Најголем годишен раст на индустриското производство меѓу членките на Европската унија е забележан во Малта, од 14,4 отсто, во Ирска 10,1 отсто и во Литванија 7,6 отсто, додека најголем пад има Австрија 9,5 отсто, Италија 7,1 отсто и Унгарија 6,1 отсто.
На месечно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија бележи пад од 1,8 отсто во однос на ноември, исто како и производството на капитални производи за два отсто и трајни производи за широка потрошувачка за еден отсто, додека производството на енергија е зголемено за 0,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто.
Најголем месечен раст на производството е забележан во Ирска (8,2 отсто), Луксембург (6,7 отсто) и Хрватска (6,3 отсто), додека најголем пад има во Белгија (6,8 отсто), Португалија (4,4 отсто) и Австрија (3,3 отсто).
Ако се внимава на четирите најголеми економии во еврозоната, заклучуваме дека Германија бележи месечен пад на производството од 2,9 отсто, како и Франција 0,4 отсто и Италија 3,1 отсто, додека Шпанија забележа месечен раст од 1,4 отсто.