
Уште во опозција започнавме разговори со една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона и еве ги резултатите денеска. Првиот авион со 180 туристи пристигна денеска. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување на Дневникот на МТВ.
Како што потенцираше вицепремиерот Николоски, концептот е секој турист да помине по два дена во Скопје и во Охрид со што ќе се потикне туристичката дејност а очекувано е да се зголеми и девизниот прилив на државата.
-Туристите ќе доаѓаат од февруари до мај и во периодот од октомври до ноември, надвор од зимската и надвор од летната сезона, период во кој обично хотелите се затвораат оти немаат доволно гости. Ова е туристичка агенција која го работи целото хрватското приморје со посебен фокус во Дубровник каде што милиони туристи носат годишно. Ние уште во опозција работиме на ова, не беше лесна задача. Имавме среќа бидејќи дел од врвниот менаџмент на оваа турисичка агенција е од Македонија, па така интересно е дека почнуваат со 35 илјади туристи за оваа година со ветување дека ќе оди нагоре. Тие ќе поминуваат најмалку два дена во Скопје и два дена во Охрид а ќе имаат и останати посети. Тоа ќе значи целосно искористен капацитет за неколку хотели, посетени ресторани, посетени музеи и девизен прилив за Македонија. Ако се претпостави дека еден турист би оставил 200 евра по својата посета може да се пресмета колку средства се тоа. Веќе следната година очекувам бројката да оди нагоре. Во ова значајна улога имаше и Министерството за култура и туризам, истакна вицепремиеорт Николоски.
Инаку вчера на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром секој ден, почнувајќи од денеска до почетокот на јуни, и потоа од октомври до средината на декември. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи во земјава.
Главниот извршен директор на германскиот тур-оператор RSD Reisen Хорст Живковиц, истакна дека нивните клиенти со нетрпение чекаат да ја посетат нашата земја и оти до крајот на сезоната планираат да донесат 35.000 гости.
Тој најави дека веќе од 27 март започнува со летање новата линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул до Охрид и претходно од 20 март летот од Скопје до Амстердам.
Со политикта на финансиска подршка за нови дестинации, до сега се воспоставија 10 нови авиолинии од кои осум од скопскиот и две од охридскиот аеродорм.
-Досега имаме договорено летови за 25.000 патници кои ги резервираа овие тури од Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, и до крајот на сезоната очекуваме да донесеме 35.000 гости. Убеден сум дека гостите ќе уживаат во вашата прекрасна земја, историјата и топлото добредојде на луѓето кои живеа овде. Јас навистина уживав кога ја посетив Северна Македонија, изјави Живковиц.
Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори во соработка со македонската Влада, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни, и од октомври до декември.
Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори во соработка со македонската Влада, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни, и од октомври до декември. Се очекува оваа програма за дојдовен туризам да донесе вкупно 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.
Европските градови од кои ќе полетува „Фрибрд ерлајнс“ и ќе слетува на скопскиот аеродром се – Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф и Франкфурт (Германија), Манчестер, Лондон – Гетвик (Велика Британија) и Париз, Лион и Марсеј (Франција).
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт изрази задоволство од новите соработки и ја нагласи посветеноста на аеродромскиот оператор на гостопримството и квалитетот на услугите.











