
Европските берзански индекси денеска се мешани, додека американските индекси растат, како и цените на нафтата, златото и пченицата.
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека најверојатно ќе воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили, полупроводници и фармацевтски производи на почетокот на април, пишува CNBC.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.911,25 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.737,22 поени, францускиот CAC 40 на 8.190,02 поени, а московскиот MOEX на 3.238,53 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.556,34 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 6.129,58 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 20.041,26 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 72.420 долари, а на нафтата од типот брент на 76.355 долари.
Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 49.750 евра за мегават-час.
Цената на златото се искачи на 2.939,12 долари за унца, а на пченицата на 6.0714 долари за бушел (бушел е 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04487, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.