Руси заинтересирани за Симпо

72

RADNIKРуската компанија Дело е заинтересирана и подготвена да ја купи компанијата за производство на мебел Симпо од Врање, потврдуваат од српската влада. Рускиот инвеститор е заинтересиран за Симпо, но под услов да биде исчистен од огромниот даночен долг, односно надлежните органи, според законот, да направат конверзија на даночните обврски на Симпо во сопственост на државата, пренесуваат српските медиуми.

Московската компанија изразила интерес, по купувањето на државниот пакет акции, да го унапреди работењето на Симпо преку зголемување на производството и продажбата, особено на рускиот пазар. Рускиот партнер е подготвен преку докапитализација да инвестира во подобрување и унапредување на технологијата, зголемување на капацитетите и зачувување на сите работни места во српската компанија.

Цената што рускиот инвеститор е подготвен да ја плати не е позната, но претходно се шпекулираше дека за најголемиот произведувач на мебел во Србија, исчистен од долгови, би можеле да издвојат 20 милиони евра.