Четири големи маркети и една стопанска коморa вршеле картелско работење за да влијаат на цените

Четири големи маркети и една од стопанските комори, во која истите се здружени, биле на удар на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши ненајaвен увид во четири трговски субјекти и една стопанска комора во која се здружени истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените.

При контролата во службените простории на правните лица, односно ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени се докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.

Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив, се наведува во соопшението на  КЗК.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата велат дека интензивно вршат контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехрамбени производи и ќе бидат преземени најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да се дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.