Резервите на литиум во Русија изнесуваат 3,5 милиони тони

Регистрираните резерви на литиум во Русија изнесуваат 3,5 милиони тони литиум оксид, соопшти  руското Министерство за природни ресурси.

Министерството изјави дека Русија може да се пофали со голема база на литиумска суровина, доволна за да ги задоволи потребите на националната економија, пренесе ТАСС.

Агенцијата вели дека една фабрика моментално произведува литиум во Русија, на наоѓалиштето Малишевское во регионот Свердловск.