
Проектот за реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ ќе чини 12 милиони евра. Ќе се реконструира кровот, ќе се создадат подобри услови за лекување, ќе се набави современа апаратура и болницата ќе добие седум нови операциони сали.
Парите за овој проект се обезбедени од „Тав Македонија“, турската компанија која требаше да го гради карго аеродром во Штип, а во јуни 2021 средствата беа пренаменети во изградена на инфраструктурни проекти во општините.











