Претпазливо тргувањето на Волстрит

Во средата на Волcтрит се тргуваше многу претпазливо, а берзанските индекси забележаа само мали добивки бидејќи инвеститорите не сакаа да ризикуваат пред објавувањето на деловните резултати на Nvidia.

Индексот Dow Jones падна за 0,43 отсто, на 43.433 поени, додека S&P 500 порасна за 0,01 отсто, на 5.956 поени, а индексот Nasdaq за 0,26 отсто, на 19.075 поени.

По неколкудневен раст, Dow Jones вчера благо ослабна, додека индексите S&P 500 и Nasdaq, по четири дена пад, благо пораснаа.

Извештај на Nvidia
Тргувањето беше претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред објавувањето на кварталните деловни резултати од Nvidia, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција.

По два дена остри падови, цената на акцијата на Nvidia вчера порасна за повеќе од 3,5 отсто.

Во продолженото тргување, по затворањето на Волстрит, кога Nvidia го објави својот деловен извештај, цената на нејзината акција прво порасна за околу 2 отсто, а потоа благо падна.