Европа на нозе: Берзанските индекси тонат по заканата на Трамп за царини од 25%

Европските берзански индекси денеска паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе воведе царини од 25 отсто на стоки од Европската унија.

По тој повод Доналд Трамп изјави дека Европската унија ги „искористува“ САД, додавајќи дека Европејците користат различни изговори за да избегнат увоз на американски автомобили и земјоделски производи, пренесува CNBC.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 22.572,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.705,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.093,88 поени, а московскиот MOEX на 3.323,07 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 43.433,12 поени пред денешното отворање на берзите во САД, додека S&P 500 индексот се искачи на 5.956,06 поени, а вредноста на Nasdaq на 19.075,26 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 68.947 долари, а на нафтата од типот брент на 72.862 долари.

Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 41.050 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.888,45 долари за унца, а на пченицата се искачи на 5,6340 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04775, што е помалку од вчера, бидејќи еврото е под притисок поради најавените американски царини.