Европските берзански индекси измешани, се чека одлуката на ЕЦБ за каматните стапки

Европските берзански индекси денеска се мешани, цените на нафтата и пченицата растат, додека пазарите ја чекаат одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за каматните стапки, која ќе биде објавена во 14 часот и 15 минути.

Експертите речиси едногласно предвидуваат дека ЕЦБ ќе ја намали основната депозитна стапка за 25 базични поени на 2,5 отсто, пренесува CNBC.
Банката ќе ги објави и своите изгледи за остатокот од годината и новите макроекономски проекции кои се важни за инвеститорите.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 23.348,17 поени, францускиот CAC 40 на 8.222,86 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.710,50 поени, а московскиот MOEX на 3.209,32 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 43.006,59 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.842,63 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 18.552,73 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 66.423 долари, а на нафтата од типот брент на 69.359 долари.

Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 41.250 евра за мегават-час.