Техномаркет викендов со 80% намалени цени на дел од производите

201

tehnomarket1Почнувајќи од утре, 29 ноември, па се до понеделник, 2 декември, во сите продавници на Техномаркет ќе има намалување до 80% на поголемиот дел од производите.

Со оваа акција, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Black Friday или познат како почеток на божиќните и новогодишните намалувања.

За време на тие денови најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за првпат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени.

Инаку, најпознатиот празничен шопинг настан, Black Friday, е традиционална манифестација на запад, кога сите поголеми маркети, продавници и компании нудат големи попусти на своите производи, со што го покажуваат својот празничен дух. Тоа е најмасовно посетениот настан ширум светот, кога граѓаните во редици го чекаат отворањето на вратите од супермаркетите и трговските центри.

Во духот на таа традиција Техномаркет ќе понуди екстремни попусти, голем избор на производи од различни брендови, можност за доопремување на домовите по намалени цени во сите продажни салони на компанијата ширум државата.