
Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во јануари забележала само милијарда евра суфицит во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат.
Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во јануари изнесува 232,6 милијарди евра, што претставува раст од три отсто на годишно ниво, додека увозот истовремено е зголемен за 7,6 отсто на годишно ниво на 231,5 милијарди евра.
Резултатот е значително послаб отколку во јануари 2024 година, кога еврозоната забележа суфицит од 10,6 милијарди евра во стоковната трговија.











