
Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пад, како и цените на златото и пченицата, додека цената на нафтата благо порасна.
Швајцарската национална банка вчера ги намали каматните стапки за 25 базични поени на 0,25 отсто, додека Банката на Англија ја задржа каматната стапка на Велика Британија на 4,5 отсто, а шведската Риксбанк на 2,25 отсто.
Според соопштението на Банката на Англија, од последниот состанок за монетарната политика во јануари, неизвесноста во глобалната трговија е зголемена, како и геополитичките тензии, објави Гардијан.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9:30 часот падна на 22.840,72 поени, британскиот FTSE 100 на 8.660,54 поени, францускиот CAC 40 на 8.039,57 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.230,50 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 41.953,32 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.662,89 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.691,63 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на американската сурова нафта WTI порасна на 68.295 долари, а на европскиот брент на 72.185 долари.
Европските фјучерси на гас за април се тргуваа по 44.440 евра за мегават-час на отворањето на Лондонската берза за холандскиот центар ТТФ.
Цената на златото падна на 3.028,72 долари за фина унца, а цената на пченицата на трговскиот одбор во Чикаго е 5,5635 долари за бушел.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08338, што е нешто помалку од четвртокот.











