Бизнис климата во Македонија е подобра во споредба со условите за инвестирање во Хрватска, тврдат странските инвеститори.
Здружението на инвеститори Foreign Investors Council (FIC) ја претстави својата Бела книга, документ во кој се оценува состојбата на инвестициската клима во земјата.
Во неа членовите на здружението претставија 35 препораки до хрватската влада и предложија основање на инвестициски Форум, тело кое ќе ги спречува парафискалните давачки за странските инвеститори и домашните претприемачи.
Според нив, попримамливи земји за инвестирање од Хрватска се Македонија и Црна Гора, а после Хрватска на списокот во белата книга се најдоа Албанија, Србија и Косово.