Црни прогнози за Шпанија – економијата ќе расте дури во 2014 година

61

Европската комисија се подготвува да објави песимистични прогнози за шпанскиот економски раст во периодот до 2014 година, пишуваат шпанските медиуми.

Комисијата предвидува пад на шпанскиот БДП за 1,5% во 2013 година, додека шпанската влада очекува пад од 0,5%.

Брисел не очекува раст на шпанската економија пред 2014 година, кога по нивните проценки би требало да порасне 0,5%.

Идната година активноста во економијата ќе се намали за 1,6%. Комисијата очекува и поголем буџетски дефицит и тоа 8% во 2012, 6% во 2013 и 5,8% во 2014 година, вклучувајќи ги и трошоците за докапитализација на банките.

Во третиот квартал, шпанската стапка на невработеност достигна рекордно ниво од 25%, додека активноста во производниот сектор во октомври се намали 18 месеци по ред и тоа со најбрзо темпо гледано од месец јули.