Балантајнс со нов изглед

199

unnamed (1)Балантајнс во Македонија е со нов изглед. Новиот Балантајнс ги спојува традиционалните вредности на овој пијалок, како што се безвременост, елеганција и автентичност, со нов модерен стил во изгледот. Амбалажата ја задржува правоаголната форма по што Балантајнс е познат, горниот дел на шишето е поаглест, што резултира со остар и посмел изглед.

Новиот дизајн кој вклучува етикета во облик на шеврон, на новиот изглед му дава подинамичен и попривлечен изглед. Знакот за премиум квалитет е потенциран со поистакната позиција, како и поедноставување на печатот на Балантајнс.

“Балантајс е бренд кој е познат по својата постојаност во квалитетот, но и по специфичната препознатливост што претставува синоним за виски пијалак. Суптилните промени на формата на шишето се направени со цел да се унапреди имиџот на брендот, да се модернизира веќе постоечкиот дизајн, но и да се задржи високиот квалитет на Балантајнс“, изјави претставникот на Балантајнс во Македонија

Новото шише ја најавува и новата глобална кампања на брендот Stay True, Leave an Impression, потенцирајќи дека секој потрошувач на брендот мора да верува на себе си, да остане тоа што е.

unnamed