Францускиот антимонополски регулатор го казни Apple со 150 милиони евра

Францускиот антимонополски регулатор го казни Епл со 150 милиони евра (162 милиони долари) по долгата истрага за тоа како технолошката компанија бара да ги собере податоците на корисниците на оперативниот систем iOS и влијанието врз огласувачите.

Системот за транспарентност за следење апликации на Епл не им дозволува на креаторите на апликации да се усогласат со европските правила за приватност (GDPR), објави  антимонополскиот регулатор на Франција, принудувајќи ги овие апликации да прикажуваат повеќе скокачки прозорци со што нивната употреба се прави претерано сложена.

Исходот може да го привлече вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предупреди дека ќе возврати со високи царини по какви било „несразмерни“ казни против американските технолошки фирми.

Во изјава испратена по електронска пошта Епл рече дека е „разочаран“ од одлуката и дека регулаторот не побарал конкретни промени. Тужителите, кои се група трговски здруженија кои ги застапуваат огласувачите, побараа од Епл „веднаш да го суспендира“ системот и да направи промени во него.

Француските претставници за пазарна конкуренција, кои го истражуваа случајот, испитуваа дали Епл применува помалку строги правила за своите отколку за другите услуги. Случајот беше отворен откако група огласувачи поднесоа жалба до регулаторот, тврдејќи дека промените во собирањето податоци што стапија на сила во 2021 година ќе им наштетат на нивните приходи.

Епл рече дека рамката „им дава на корисниците поголема контрола врз нивната приватност преку задолжтелна, јасна и лесно разбирлива порака“, додавајќи дека е конзистентна за сите програмери.

Слични истраги се во тек и во Германија, Полска, Италија и Романија.