Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Во интервју за ирското радио Newstalk, Лагард изјави дека штетата што ќе ја предизвикаат царините на Трамп зависи од нивниот обем и времетраење, како и од тоа дали тие ќе доведат до успешни преговори.

Според неа, трговските конфликти често се штетни за страната што ги започнала, па често водат до преговори каде ќе бидат укинати некои царини, пренесува Ројтерс.