Европските берзански индекси во благ пораст на крајот на бурната трговска недела

Европските берзански индекси се малку повисоки денеска на крајот на турбулентната трговска недела, како и цените на нафтата, златото и пченицата.

Европската унија привремено ги суспендираше планираните контрамерки против американските царини на 90 дена, што одговара на одложувањето на Вашингтон да дозволи трговски разговори.

Беше немирна недела за европските и светските пазари, а инвеститорите беа принудени да реагираат на честите промени во глобалната трговска политика и зголемувањето на царините иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп, јавува CNBC.

Според податоците на пазарот, европскиот регионален индекс Stoxx 600 скокна за 0,4 отсто кратко по отворањето.

Во 9 часот и 30 минути денеска индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,25 отсто, на 20.646,82 поени, британскиот FTSE 100 за 0,33 отсто, на 7.941,79 поени, францускиот CAC 40 за 0,73 отсто, на 7.646,82 поени за 7.175 поени. 2.827,92 поени.

Европските фјучерси на гас за мај се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32,7 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,13256, што е за 1,14 отсто повисоки од вчерашните вредности.

Фото: Pixabay