Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари за литар.
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари за литар. За денар и половина поскапува и Еуродизелот и ќе се продава по 70 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари и ќе изнесува 59 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,289 ден/кг и ќе изнесува 41,092 денари за килограм.