
На тркалезната маса за глобалниот државен долг (GSDR) во Вашингтон, Светската банка изјави дека ризиците поврзани со задолжувањето се во пораст и предложи мерки за реструктуирање на долгот во посебен прирачник за тие ситуации.
Банката предупредува дека нивото на јавниот долг во земјите со ниски приходи (LIC) и пазарите во развој (EMs) веќе биле високи пред пандемијата на коронавирус и дополнително се зголемиле поради пандемијата. Оттогаш, ситуацијата донекаде се стабилизира, но некои земји сè уште се многу ранливи.
„Покрај тоа, многу земји, особено меѓу земјите со низок и среден приход, се соочуваат со зголемени предизвици за сервисирање на долгот. Иако нивниот долг е одржлив, високите каматни трошоци и/или потребите за рефинансирање ги одземаат средствата првично наменети за развојни расходи како што се образованието, здравството и инвестициите во инфраструктурата“, додава Светска банка.











