
Деловното расположение на компаниите во Германија е во благ пораст и сега е најдобро во последните девет месеци, но неизвесноста за иднината сè уште е присутна, се заклучува во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен за април.
Вредноста на индексот, кој го мери деловното расположение на германските компании, благо се зголеми во април од 86,7 поени во март на 86,9 поени.
Фирмите во Германија ја оценија нивната моментална состојба како подобра од минатиот месец, но нивните очекувања за развој на бизнисот во следните шест месеци беа помрачни.











