
Велика Британија би можела да постигне економска добивка од 400 милијарди фунти (533 милијарди долари) доколку ги обучи вработените да користат вештачка интелигенција (ВИ) во административната работа, заштедувајќи повеќе од 120 часа годишно, објави денес американската компанија Гугл.
Најновиот извештај на компанијата за пилот-проектот покажа дека ќе бидат потребни неколку едноставни чекори, како што е давање дозвола на вработените да користат ВИ и неколку часа обука, објави Ројтерс.
Како што наведува Гугл, кој го разви четботот за вештачка интелигенција Gemini, анализата на компанијата Паблик Фирст, која е нивен партнер во пилот-проектот, покажа дека две третини од вработените, особено постарите жени од пониските слоеви, никогаш не користеле ВИ на работа.











