Беџети: Помал број таргетирани производи полесно се контролираат

Ефектите на мерката за ограничување на цените пред два месеци треба Министерството за економија да ги пресмета и објави за да може да се оцени колку беа ефективни. Општата оценка преку стабилизирање на инфлацијата не може да биде индикатор за мерење на конкретна и таргетирана мерка, затоа што инфлацијата преставува општото ниво на цените мерено според индексот на цените на потрошувачката додека мерката за ограничување на цените беше специфична за одредени (претезхно основни) производи, вели во разговор за „Локално“, академикот и професор по економија, Абдулменаф Беџети откако заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20-ти февруари.

Според него, сигурно дека имало одредени ефекти, но не може паушално да се оцени колку, како, кај кои потрошувачи и слично.

-Ако се прашуваат потрошувачите коj се виновни за зголемените цени, во прв ред ја наведуваат Владата потоа трговците и на трето место пак политичарите (Истражување на „Finance Think“ на крај на 2023 година) што подразбира дека пак ги обвинуваат носителите на одлуките и покрај тоа што Владата не ги креира цените. Не е едноставно да се ограничуваат цените или да се замрзнуваат целосно и покрај тоа што се донесе и законско ресхение за нефер трговија. Либерално-пазарната економија создава многу „дупки“ преку други лавиринти да се формираат малопродажните цени. Затоа најдобри мерки се комбинираните – со таргетирање што помал број на производи за да можат поефикасно да се мониторираат и контролираат како и преку субвенционирање на најзагрозените семејства исто така со посебни таргетирани критериуми, посочува професорот.

За новата потрошувачка кошничка која ќе ја креира Владата, Беџети објаснува дека самиот назив „минимална потрошувачка кошница“ подразбира најосновни производи и услуги кои обезбедуваат пристојно живеење на едно семесјтво (четиричлено или ако социјалните статистики покажуваат друга социјална структура и тричлено семемсјтво) и покрај тоа што е релативно што е пристоен живот.

-Дебатите од типот дали децата на поскромните семејства можат да вкусат хамбургер еднаш неделно дури се банални. Хамбургерот и не е луксузен производ! Се разбира дека не би требало минимална кошница да содржи авокадо, лакс или пак сувомеснат специфичен увозен производ, увозно швајцарско или француско сирење и кашкавал, но би требало да содржи годишен одмор со престој во домашни рекреативни и одморалишни центри (езера, планини, бањи) за едно семејство од најмалку седум дена просечно сместување и престој (до капацитети со три звездички).

Целиот текст на Локално.мк