Бесплатен онлајн семинар: Запознајте го пазарот на капитал

Граѓаните добиваат шанса да се запознаат со пазарот на капитал преку бесплатна онлајн обука

Како резултат на соработката помеѓу Македонска Берза и Загребската берза, граѓаните од Македонија добиваат уникатна можност бесплатно да се едуцираат за основите на пазарот на капитал. Обуката е дел од програмата на Академијата на Загребската берза, и ќе се одржи онлајн, во среда, на 7 мај 2025 година, со почеток во 10:00 часот.

Преку оваа едукативна иницијатива, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со:

  • Вовед во финансиските пазари

  • Финансиски инструменти

  • Движења на пазарот на капитал

  • Практични примери од реалниот пазар

Семинарот ќе се одржи на хрватски јазик. Овој семинар е наменет за помлади експерти, студенти кои сакаат да ја продолжат својата кариера на финансиските пазари, како и мали инвеститори кои се заинтересирани за пазарот на капитал..

Сите заинтересирани може да ги прочитаат деталите и да се пријават за учество преку официјалниот линк објавен од Македонска Берза.